Црна хроника
Автобус излета кај Врање, повредени петмина македонски државјани
Автобус на превозникот „Фудекс“ кој сообраќал на линијата Белград-Скопје се превртел синоќа околу 20 часот кај местото Превалац, во близина на Врање. Во несреќата повредени се 15 патници, петмина од нив се македонски државјани, информираат од Здравствениот центар од Врање
Портпаролот на полицијата во Врање, Драган Стаменковиќ, за српските медиуми изјавил дека меѓу повредените никој не е во животна опасност и дека причината за несреќата се уште се утврдува.„Несреќата се случи на местото Превалец, на патот Владичин Хан-Врање, на околу 10 километри од Врање. По слетувањето од коловозот автобусот се свртел на страна. Во тек е увид и утврдување на причините за несреќата, како и степенот на повредите на патниците“, рекол Стаменовиќ.Меѓу повредените е и една трудна жена, но лекарите потврдиле дека не е во животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.