Црна хроника
Момче повредено со нож во средното училиште во Драчево
Момче на околу осумнаесетгодишна возраст попладнево било прободено со нож во ногата во дворот на средното училиште „Браќа Миладиновци“ во скопско Драчево
Од полицијата немаат многу детали, само соопштуваат дека инцидентот се случил во дворот на училиштето. Немаат информации дали момчето е ученик во ова училиште и кој го прободел.Од градската болница каде што е примено момчето, потврдуваат дека е примено осумнаесетгодишно момче со убодна рана во ногата, поточно во левата бутна регија.Ногата му била преврзана и сега се анализира дали се повредени некои крвни садови.Пред само два дена во средното хемиско училиште Марија Кири Склодовска маскирана вооружена група упадна на час и повреди неколкумина средношколци и еден професор.Полицијата веќе приведе шест, идентификуваше девет учесници во инцидентот и трага по останатите инволвирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

