Црна хроника
Загина планинар при пад од карпа на Матка
Малку пред 12 часот денеска на карпите во кањонот Матка се случи несреќа во која загина планинар, соопштија од Министерството за внатрешни работи чија единица за специјални задачи ја спроведува акцијата за негово извлекување
Од МВР соопштуваат дека е во тек интервенција на Единицата за специјални задачи за негово извлекување со помош на хеликоптер од тешко пристапниот терен.Во моментов сè уште не се познати и причините за несреќата и се работи на нивно утврдување. Скопајни кои неделното претпладне го минале во реонот на Матка, велат дека имало чести одрони на карпи по патот. Засега е познато дека загинатиот 32-годишниот Димитар Боцевски се искачувал со уште две лица од скопското планинарско друштво „Кораб“. Несреќата според првичните инфорамации се случила околу 11.40 часот при одрон на карпи.Телото на загинатиот е пренесено на Судска медицина, а истражните екипи вршат увид на местото од несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

