Црна хроника
Приведени уште пет лица од „Франкфуртската мафија“
Уште пет лица се приведени во петокот во продолжението на полициската акција „Диригент“ која има за цел сузбивање на таканаречената „Франкфуртска мафија“ која се занимава со трговија на наркотици и перење пари во Австрија и Германија
„Франкфуртска мафија“ се формира кон средината на деведесеттите години од минатиот век, кога неколку велешани почнуваат со продажба на дрога во овој германски град. За само неколку години тие регрутираат десетици млади од градот што доаѓаат во Германија и почнуваат да работат за нив и да продаваат дрога. Секој член на оваа група имал своја задача, врбување, регрутирање, транспорт и дистрибуција на хероин и продажба.Тие успеале да завладеат со наркопазарот во Франкфурт благодарение на тоа што ја намалиле продажната цена на дрогата и ги зеле клиентите на нивните ривали, криминална група составена од Албанци од Косово, Албанија и од Македонија.Откако операцијата во Франкфурт била загрозена, тие се селат во Виена и на ист начин го освојуваат наркопазарот.Според информациите на австриската полиција, тие имале месечен обрт и до еден и пол милиони евра.Од октомври минатата година до февруари годинава во операцијата кривично се гонат 55 лица од кои 22 за „неовластено производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и 33 за „перење пари и други приноси од казниво дело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.