Црна хроника
Потврдено загинувањето на Шаровиќ од Организиран криминал
Министерката за внатрешни работи Годрана Јанкулоска за новианрите потврди дека во синоќешната сообраќајна несреќа на булевaрот „Илинденска“ загина високиот функционер во МВР Владимир Шаровиќ
„За жал утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден од нашите најдобри работници на планот на којшто работеше и сакам да изразам искрено сочувство до семејството и блиските. Ние загубивме близок соработник, истрагата се уште трае и не би одела со шпекулации се додека не се затвори истрагата и не ги имаме сите податоци релевантни за оваа сообраќајна несреќа во која животот го загуби еден од нашите најблиски соработници“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоск, изразувајќи сочувство до семејството на Владимир Шаровиќ, високиот функционер при Одделот за организиран криминал. Официјално засега се соопштува само дека несреќата се случила околу 3.30 во неделата наутро, и дека загинатиот Шаровиќ управувал со службен автомобил „опел астра“ во кој бил сам. Други детали во моментов не се соопштуваат. Миниатерката Јанкулоска најави повеќе информации и детали, по завршувањето на истрагата за несреќата.Имајќи ја предвид високата и одговорна функција во полицијата, од Министерството за внатреши работи не шпекулираат.Одговарајќи на новинарско прашање дали се спроведува истрага и за можна ликвидација на Шаровиќ, министерката Јанкулоска повтори дека сите детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

