Црна хроника
Двајца повредени со нож во тепачка во скопското село Љубин
Две седумнаесетгодишни момчиња синоќа биле расечени со нож во тепачка што се случила пред интернет кафе во скопското село Љубин, соопштуваат од МВР
Двајца познаници од селото Љубин синоќа околу 23 часот ја започнале расправијата во интернет кафето во селото. Едниот од нив, осуманесетгодишник извадил нож и го прободел седумнаесетгодишникот во стомакот и левата рака. Потоа му се нафрлил и другарот на противникот, исто така седумнаесетгодишник и нему му нанел убодна рана во стомакот.Двете повредени момчиња биле однесени во градската болница „8 Септември“ каде што на првп повредениот му била констатирана тешка телесна повреда во стомакот по што бил опериран и задржан на натамошно лекување.Кај другото повредено момче, раната била помала, па бил веднаш пуштен на домашно лекување. Полицијата изврши увид на лице место, го пронајде ножот и го предаде на вештачење. Сега полицијата трага по напаѓачот кој избегал од пред интернет кафето веднаш по нападот.Причина за тепачката биле меѓусебни недоразбирања кои ги имале двајцата тинејџери од претходно. Завчера исто така две момчиња беа повредени во тепачка во скопското село Кондово. Сите учесници во тепачката биле на возраст од 18 до 20 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

