Црна хроника
Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Мислешево

Две лица го загубија животот во тешката сообраќајна незгода што утрово околу 5 часот и 25 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Струга во близина на селото Мислешево
Емин Р. (36) и Вегим Р.(23) двајцата од струшкото село Долна Белица, на лице место им подлегнале на повредите во момент кога патничкото моторно возило марка „Голф„ управувано од сега починатиот Емин Р. излетало од патот и се превртело. Сопатничката во возилото Анита К. (18) од Пустец, Република Албанија, која привремено престојувала во Охрид, се здобила со тешки телесни повреди. Истата, итно е пренесена во Општата болница во Струга а поради сериозноста на повредите потоа и во болницата во Битола.Тешката сообракајна незгода се случила поради неприлагодена брзина според условите и состојбата на магистралниот пат, поради која, сега починатиот Емин Р. кој го управувал патничкото моторно возило од Охрид кон Струга, изгубил контрола врз возилото по што истото преминало на левата страна од коловозната лента и излетало од патот.Во текот на денов, врз починатите ке биде извршена обдукција од страна на Доктор од Судска медицина. На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Истражен Судија и Јавен Обвинител од Основниот Суд во Струга како и Полициски екипи од полициската станица во Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.