Црна хроника
Битолчанец уценувал свои сограѓани
Битолчанец уценувал двајца свои сограѓани несразмерно да му исплатат камати за позајмица што им ја дал. Во целата работа му помагал управител на спортските обложувалници „Депортиво“ во Битола
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кривични пријави се поднесени против 28-годишниот битолчанец Г.Д., вработен во обложувалници „Депортиво“ во Битола, како и против 33. годишниот Н.Т. од Битола, управител на спортските обложувалници “Депортиво“ во Битола.За паричен долг од околу 10.000 евра, кој што оштетениот го презел од негов поранешен бизнис-партнер, како резултат на сериозни закани и присилби, бил принуден на Г.Д. редовно да му исплаќа камати во износ од по 1.000 до 1.600 евра. Како гаранција за исплатените средства, тој од пријавениот не добивал никакви документи. Исто така, под присилба на Г.Д., таткото на оштетениот бил принуден да потпише фиктивен договор за заем, со што го презадолжил за нови 800 илјади денари.Управителот на спортските обложувалници “Депортиво“ во Битола пак, во текот на изминатите неколку месеци, го инструирал и го помагал првопријавениот во вршењето на кривичните дела “изнуда“ и “лихварство“, на начин што во дадени ситуации му дозволувал, односно му ја отстапувал службената канцеларија за вршење наплата на долгови, како и за непосредно заканување и вршење присилба врз оштетените. Исто така, тој во своето работно биро неовластено држел огнено оружје-пиштол, без сериски број.Другото оштетено лице пак, се задолжило кај Г.Д. за сума од 1.000 евра во текот на 2008 г., за што му исплаќал месечна камата во износ од по 200 евра. Плашејќи се за својата и за безбедноста на неговото семејство, како резултат на постојаните закани и вториот оштетен случајот го пријавил во СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos
Црна хроника
Двајца малолетници без возачка фатени зад волан во Охрид и Струга, одземени автомобилите
Два одвоени случаи на управување возило од страна на малолетници без положен возачки испит се регистрирани ноќеска во Охрид и Струга.
Во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид при сообраќајна контрола исклучиле од сообраќај патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неколку часа подоцна, на 2 март 2026 година во 01:15 часот, при сообраќајна контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга исклучиле од сообраќај патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото било одземено, а по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

