Црна хроника
Филмски грабеж во куќа во гостиварско Форино
Двајца маскирани и вооружени разбојници синоќа околу 20 часот нападнале и ограбиле сопружници од село Форино, соопштуваат од СВР Тетово
Сопружниците, едниот на шеесет и петгодишна возраст, другиот шеесет и четиригодишен, синоќа се враќале од Гостивар, дома во својата куќа во село Форино. Жената само што ја отворила влезната врата и влегла во куќата била напaдната. Двајца маскирани разбојници со црни фантомки на главите, гумени медицински ракавици и вооружени со пиштоли ја удриле жената по главата, ја врзале со селотејп на рацете и устата и ја оставиле да лежи во ходникот на приземјето.Мажот кој во меѓувреме го паркирал автомобилот, го слушнал врисокот на жена си и притрчал да и помогне. Но, иако им давал силен отпор, разбојниците го совладале и него и го изврзале со селотејп за трпезариска столица. Го влечеле со столчето низ сите соби од куќата и барале да им каже каде се парите. Кога ја пребарале целата куќа, украле пари и златен накит, чија вредност допрва ќе се утврдува. Со богатиот плен избегaле низ отворената влезна врата. Нападнатиот жител на Форино успеал врзан за столчето, некако да излезе пред куќата. Случаен минувач го забележал и случајот го пријавил во полиција. Сопружниците биле однесени во гостиварската болница, а од таму биле префрлени на скопските клиники. Жената била со потешки повреди на главата.Од СВР Тетово велат дека е извршен увид на месото на инцидентот и работат на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.