Црна хроника
Загина 19-годишна девојка во сообраќајка кај Пробиштип
Деветнаесет-годишна девојка од Пробиштип загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила рано изутрината на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, додека едно лице е потешко повредено
Според МВР, сообраќајна незгода се случила околу 03,40 часот, кога возило „Опел вектра“ со штипски регистерски таблички управувано од Ј.В. (21) од Пробиштип, излетало надвор од коловозот и слетало во реката „Киселица„.Во незгодата со повреди се здобила сопатничката Софија П.(19) од Пробиштип, која починала на лице место, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде е задржан на понатамошна лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

