Црна хроника
Фатени крадци на кабли од железничките пруги
Во тесна соработка со “Алфите“ фатени се тројца извршители на кражба на бакарни намотки од колосечните пригушници на пругата Маџари – Трубарево, соопштуваат од МВР.
Од разговорот со тројцата осомничените, истите признале дека ги извршиле и претходно пријавените кривични дела од Македонски железници, а воедно било констатирано дека како соизвршители на истите кривични дела се појавуваат уште две лица.„НК при ПС Гази Баба презема оперативни активности за пронаоѓање на овие две лица, при што поднесени се кривични пријави за сите пет лица заради основано сомневање дека подолго време организирано и здружено вршеле кривични дела (девет тешки кражби) на бакарни намотки и сигнални кабли од железничките пруги, а истовремено сториле и девет кривични дела – загрозување на безбедноста на сообраќајот – доведувајќи ја во опасност безбедноста на железничкиот сообраќај. Украдените предмети истите ги продавале, главно на дивите отпади“, се вели во соопштението на МВР.Во текот на минатиот и овој месец беше пријавена серијата кривични дела – (тешки) кражби на бакарани намотки од колосечни пригушници поставени на пругите заради означување и регулирање на железничкиот соообраќај како и сигнални кабли за остварување на телекомуникација во железничкиот сообраќај на патните правци Маџари–Трубарево, Маџари-Драчево, Маџари-Центар, и Маџари–Илинден. Вкупно направената штета од извршните кривични дела, според поднесените пријави од страна на ЈП “Македонски железници“, изнесува близу 2.500.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

