Црна хроника
Операција „Беса“ – шверцот го помагале затвореник, затворски чувар и полицаец
Во полициската операција Беса синоќа се запленети скоро 11 килограми чист хероин во вредност од 200.000 евра и уапсени се 11 лица кои учествувале во меѓународниот шверц на хероинот. Хероинот поминувал низ Турција, Грција и Македонија, а бил наменет за западно европскиот паза
Во четвртокот околу 12:20 часот на влез во Македонија на граничниот премин „Стар Дојран“ автомобил „Рено Лагуна“ било однесено на детален преглед на царинскиот терминал на граничниот премин „Богородица“. Во специјално направени бункери во праговите на возилото биле пронајдени 20 пакувања со поединечна тежина од околу 200 грама хероин, облепени со селотејп и индиго, обложени со алуминиумска фолија и прицврстени со челична сајла заради полесно извлекување од бункерите. Возачот на автомобилот, кој што бил бугарски државјанин бил приведен,а дрогата била однесена на вештачење во МВР.Во текот на ноќта и утрово приведени се вкупно 11 лица, за кои постои сомнение дека учествувале во шверцот. Меѓу приведените е и поранешен полициски службеник кој минатата година бил уапсен бидејќи им овозможил нелегален влез на две лица од Косово, еден осомничен за убиството во „Чаирчанка“, а другиот осомничен за нападот врз поштенското комби и врз припадниците на алфите на „Гази Баба“. Меѓу шверцерите бил и затвореник од Идризово кој за време на викендите и отпустите контактирал и ги координирал другите лица од групата. Се трага по уште шест лица кои се осомничени како дел од криминалната група и кои во моментов се во бегство. Речиси сите од приведени имаат дебели криминални досиеја. При претресите во домови и други простории во Скопје и Велес кај 16 лица, членови на криминалната група, пронајдени се една скратена ловечка пушка, еден пиштол, еден гасен пиштол, помала количина дрога, околу 400.000 денари и телефонски картички.Против инволвираните во шверцот со хероин ќе следуваат кривични пријави. „По повеќемесечната истрага од страна на Одделот за недозволена трговија со дрога при МВР во врска со оваа криминална група, а во соработка со полициските служби на Бугарија, Србија и Косово во текот на минатата година реализирани се два случаи на заплена на хероин, при што во Р.Србија запленети беа 505 грама хероин и на ГП „Деве Баир“ на влез во Р.Македонија се запленети 595 грама хероин“ соопштуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По породувањето, си заминалала без бебето: 24-годишна жена од Велес под истрага
Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна девојка од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Според информациите од полицијата, на 1 февруари 2026 година, по породување во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно, со депониран потпис, го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.
Црна хроника
Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе
МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено по член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Пријавената Ј.Н., вработена во Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во Кочани при СВР Штип, на 13 септември 2025 година, на место викано „Суитлак“ во Штип, се сретнала со женско лице – полицаец-приправник, исто така вработена во МВР, по што, според податоците на Одделот: „Насилно ја внела во возило ‘бмв’ со кое дошла на локацијата, ја удирала по телото и не ѝ дозволила да излезе, одземајќи ѝ ја слободата на движење.“
Со сторените дејствија, според внатрешната контрола, постои основано сомнение дека Ј.Н. го сторила горенаведеното кривично дело.
Дополнително, Одделот ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против пријавената, а како задолжителна мерка ќе изрече суспензија од работното место до завршување на постапката.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

