Црна хроника
Уапсени фалсификатори на платежни картички
Единицата за Компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал по претходно спроведена меѓународна истрага во соработка со МВР на Република Србија, а во координација на СЕКИ центарот разби меѓународна група фалсификатори
Реализиран е случај во кој е разбиена меѓународна криминална група составена од македонските државјани М.С.(32), Д.Ш.(32) и двајцата од Прилеп со престојувалиште во Скопје и Д.И.(38) од Скопје и српскиот државјанин Д.С.(42). Групата од февруари до мај 2011 година, изработувале фалсификувани платежни картички и со истите вршеле нелегални трансакции на терминали во продажни места на територијата на повеќе балкански држави – Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Во Македонија криминалната група во златарски дуќан во Скопје извршила нелегални трансакции во вкупен износ од 61.000 денари, додека износот на нелегални трансакции извршени во другите балкански држави дополнително ќе биде утврден. М.С. и Д.Ш. со специјална опрема за изработка на платежни картички изготвувале фалсификувани картички и фалсификувани документи за лична идентификација – лични карти, на кои ги вметнувале претходно обезбедените податоци од платежни картички на странски државјани, а подоцна со истите вршеле нелегални трансакции на продажни места на територијата на балканските држави. Членовите на криминалната група фалсификуваните платежни картички претежно ги употребувале во златарски дуќани на територијата на Србија од каде што купувале златен накит, а потоа го препродавале, а со парите купувале софистицирана опрема за изработка на платежни картички.По добиени судски наредби биле извршени претреси на три адреси во Скопје, при што во домот на Д.И. пронајдена е работилница за изработка на лажни картички комплетно опремена со специјализирани уреди Во акцијата на територијата на Србија, српските полициски служби кај М.С. и Д.С. пронашле 22 фалсификувани картички, две фалсификувани австриски лични карти на име на други лица, но со нивни фотографии и поголема количина златен накит. Поднесени се кривични пријави против М.С. и Д.Ш. за сторени кривични дела „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“, против Д.И. за „Помагање“ и против Д.С. за сторено кривично дело „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“. Надлежен Истражен судија на сите четворица им изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.