Црна хроника
261 санкција за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 137 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 124 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Младо момче падна од мотор во Охрид, тешко е повредено
Вчера на улицата Марко Нестороски во Охрид, Д.Г.(21) управувајќи моторцикл „пијаџо“ со охридски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Црна хроника
Жена се лизнала и паднала покрај земјен пат кај Неготино, па не можела да се помести – спасувачите ја пренеле во болница
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.
По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.
-Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.
Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.