Црна хроника
Ограбена Вилма Трајковска- украдени бурми, обетки Сваровски и oхридски бисери
Во куќата на Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот претседател Борис Трајковски, деновиве крадец успеал да украде поголемo количество скап накит.
Во куќата на Вилма Трајковска, сопруга на загинатиот претседател Борис Трајковски. Деновиве крадец успеал да украде поголемo количество скап накит. Според Министерството за внатрешни работи, кражбата била пријавена во неделата. Во периодот околу пладне на улицата „Салвадор Аљенде“, крадецот влегол и украл златен накит, и тоа: обетки повеќе пара со разни големини украсени со украсни камења, поголема количина на прстени (женски) две бурми, четири синџирчиња со тенка плетка и еден синџир со дебела плетка, поголемо количество на разни видови приврзоци. Според пријавата била украдена и бижутерија и тоа синџирчиња, приврзоци, брошови, обетки од „Сваровски“, колекција на охридски бисери, рачни часовници, 100 британски фунти и еден лаптоп компјутер марка „Дел“. Крадецот влегол од источната страна на дворот скокајќи преку жица и дошол до двокрилната врата којашто насилно ја откорнал средишната преклопна летва, по што отворил и оштетил едно крило. Така влегол внатре и во куќата меѓу првиот и вториот кат каде ги откорнал таванските сензорски светилки и ја исклучил струјата во куќата. По внатрешните скали крадецот се качил на првиот кат, влегол во спалната соба каде испретурил се во плакарот и комодата од каде го одзел златниот накит и бижутеријата, а потоа влегол во поткровјето од каде го одзел лап топ компјутерот. Потоа побегнал. Штетата сé уште се утврдува и се трага по крадецот./крај/кф/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

