Црна хроника
Се запали камион со ризла- еден пожарникар е повреден
Камион со приколка полн со ризла се запалил во недела на автопатот Тетово – Скопје, кај надвозникот за Требош, а при гаснењето на пожарот повреден е еден пожарникар, соопшти МВР.
Во еден момент задната десна гума од приколката на камионот пукнала и се запалила. Возачот се обидел со противпожарен апарат да го изгасни пожарот, но тој се проширил на другите гуми.
На помош ги повикал противпожарните екипи. Пожарникарите започнале да ја гасат церадата од приколката , а ризлата од камионот почнала да паѓа.
Една од гумите експлодирала, а ризлата од притисокот се распрскала. Еден од пожарникарите кој учествувал во гаснењето на пожарот, од распрскувањето се здобил со изгореници. Набрзо пожарот е изгаснат, а на пожарникарот му е укажана лекарска помош./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.