Црна хроника
Три лица потешко повредени во физички напади на различни локации
Три лица завршиле со потешки повреди, додека едно лице успеало да помине без полседици во четири физички напади што во изминатото деноноќие се случиле на различни локации во државата.
Според билтенот на МВР, на 16-годишно момче му бил скршен носот, откако бил физички нападнат од едно лице во ТЦ-Бисер во Скопје.Татко на ученик во трета година во Економско училиште во Куманово пријавил дека неговиот малолетен син без повод и причина бил нападнат од две лица во дворот на училиштето, при што му биле нанасени видливи телесни повреди.Скопјанец на возраст од 63 години бил брутално претепан во својот двор од страна на четири пет лица, кога се обидел да ги спречи да украдат старо железо од дворот. Тој се здобил со скршеница на две ребра и е задржан на болничко лекување.Дваесетипетгодишен Тетовец за малку културил од поголем ќотек пред дворот на неговиот дом од три лица кои испишувале графити со спрејови на оградата од неговата куќа. Едно од лицата физички го нападнало удирајќи го со тупаница во пределот на левата страна од грбот. Кога и другите лица сакале да го нападнат, тој успеал да се оддалечи и извикал „Полиција“, по што напаѓачите се дале во бегство, но успеале да му ги одземат клучевите од неговиот дом. Нападнатиот не се здобил со повреди. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

