Црна хроника
Царината откри 450 живи желки во патна торба во автобус
Вкупно 450 живи црвеноушести желки, со големина околу 4 см и вредност од 81.000,00 денари биле отркиени во патна торба во автобус на граничниот премин Табановце, при излез од државата.
Желките биле пронајдени во автобус со македонски регистарски ознаки, сопственост на фирма-превозник од Охрид, кој сообраќал на релација Охрид-Белград, управуван од македонски државјанин.На прашање на царинските службеници, возачите изјавиле дека немаат ништо за пријавување, но по извршената контрола, во платнена торба, која се наоѓала покрај првите седишта во просторот за патници, биле пронајдени 450 аквариумски желки, со зелена боја од горната и жолта од долната страна од оклопот и со големина од околу 4 см. Возачот изјавил дека торбата ја преземал, на попатната станица во Скопје, од непознато лице, кое го замолило да му ја пренесе истата до Белград. Желките се предадени на Зоолошка градина-Скопје, а со цел точно утврдување на видот и категоризацијата на желките.Против возачот на автобусот ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.