Црна хроника
Криминалната група во источна Македонија била поврзана со локалната полиција
Криминалната група која делувала во источна Македонија имала свои информатори вработени во повеќе фирми, судот, јавната администрација и полицијата кои ги информирале за движењето на полицијата и за луѓе кои се движеле во овој регион и кои биле сомнителни.
Информации за движењето на полицијата добивале и од лица со кои биле во емотивни врски.
Министерството за внатрешни работи денеска ја објасни целата шема по којашто работела групата.
Насилството и агресивното однесување било основно во функционирањето на групата. На сопствениците на сите локали и објекти во Кочани, Виница и Крива Паланка им барале од 1.500 до 3.000 денари месечно за да им ги обезбедуваат локалите. На оние кои не сакале, им ги краделе возилата им ги кршеле излозите и локалите.
На некои од граѓаните им било страв да пријават дека некој од криминалната група ги истепал, па пред судиите викале дека паднале од скали.
Се случило дури и да исценираат тепачка меѓу себе во кафуле за да му „покажат“ на сопственикот дека му е потребно обезбедување. Се преправале дека се две спротивставени групи и се степале. Меѓу себе не се повредиле, но искршиле се во локалот.
Од парите кои ги заработиле од земањето рекет отвориле дискотека, кафуле, кабелски оператор. Во дискотеките и кафулињата им продавале хероин на младите. На сограѓаните кои имале финансиски проблеми им нуделе позајмици за да започнат бизнис, но парите потоа ги барале со огромни камати.
Групата е осомничена и за поставувањето на бомби во близина или на автомобилот на кочанчанецот кој живее во Скопје. Првиот пат тој ја забележа бомбата, но вториот пат помина со тешки повреди. За овој случај групата ќе одговара за обид за убиство.
Освен ова растурале и фалсификувани пари кои ги набавувале во Бугарија, патувале во други држави и ги внесувале во Вестерн унион, а потоа во Кочани ваделе вистински пари.
Засега, според МВР, постои една група за кои имаат материјални докази, изјави од сведоци на настани, сознанија од блиски на организаторите. Засега немаат докази дека имало уште една спротивставена група.
Меѓу уапсените во „Детонатор“ имало и блиски роднини на актуелни и поранешни пратеници од власта, едниот бил брат на пратеник од минатиот пратенички состав, а другиот сопруг на една актуелна пратеничка.
Додека не се избере нов полициски командир, кочанската полициска станица ке биде под директни ингиренции на Бирото за јавна безбедност.
Сега МВР ќе истражува зошто затаила локалната полицијата, инспекциите на УЈП и другите инспекциски органи. Имало случаи кога локалната полиција не ги информирала своите колеги во Скопје за она што се случува во нивниот реон, или не реагирале на случаи кои биле пријавени.
Од МВР упатија апел до сите граѓани да не се плашат и да пријават било каков вид на насилство.
Полицијата во петокот уапси вкупно 23 лица, а кривични пријави им беа поднесени на 16 лица, на кои им е одреден 30-дневен притвор. Двајца од нив се во бегство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.