Црна хроника
МВР ќе ги подновува полицајците
Министерството за внатрешни работи ќе купува нови чевли, пантолони, маици и капи за полицајците. Министерството објави огласи за доделување на договори за јавни набавки на делови од работната униформа на полицијата, предвидени со Планот за јавни набавки за 2012 година.
Според огласот ќе се купуваат 8.000 пара чевли за полицајците изработени од природна кожа во црна боја, и посебни карактеристики на квалитетот.
Јавното отворање е закажано за 2 мај, а постапката целосно ќе се спроведува преку електронскиот систем за јавни набавки и ќе заврши со електронска аукција како последна фаза од отворената постапка.
„Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда, при што за цената ќе се доделат максимум 70 бодови, а за квалитетот максимум 30 бодови. Квалитетот ќе се докажува преку лабараториска анализа на поднесените мостри согласно барањата од техничката спецификација“ соопштуваат од МВР.
Објавен е оглас и за набавка на 8.000 пара летни пантолони за полицајците кои треба да бидат изработени од материјал тергал во темно сина боја и посебни карактеристики на квалитетот.
Јавното отворање ќе биде на 24 април, а критериумот и квалитетот исто така ќе бидат пресудни за доделување на договорот.
Исто така од МВР, соопштуваат дека објавени се две одделни постапки за набавка на вкупно 2.000 парчиња маици и вкупно 8.000 парчиња капи. /крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.