Црна хроника
Откриено диво казино и во валандовско
Управата за Јавни Приходи откри уште еден случај на нелегално приредување на игри на среќа.
Сместено во просториите на бивша конфекција во с.Марвинци, Валандовско, даночните контролори изминатата седмица го открија дивото казино, по што е извршена заплена на целокупната опрема – рулет маси, покер апарати, компјутери и друга опрема.
На лице место затекнати се и работници на црно, за што се известени и надлежните институции.
„И покрај неколкудневното криење на сопственикот по потекло од Валандово, целокупната постапка за овој случај е успешно завршена и против лицето е поднесена кривична пријава“, информираат од УЈП.
„По најавата на кампањата на УЈП „Стоп на сивата економија, стоп на плаќањата под рака“, и затворањето на дивите казина во Кочани, Крива Паланка и последното во Валандовско, граѓаните се повеќе пријавуваат вакви случаи во УЈП“, велат од даночната управа.
Само во првите три месеци, граѓаните до УЈП доставиле 722 пријави за даночно затајување и 701 пријава за неиздавање на фискална сметка, што е 40 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2011 година. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.