Црна хроника
Гостиварец пронајден мртов- најверојатно се предозирал

Гостиварец вo понеделникот бил пронајден мртов во својата куќа, соопшти МВР.
Безживотното тело на дваесет и шестгодишниот Африм Пајазити го пронашол неговиот две години постар брат, во нивната семејна куќа во Гостивар, вчера претпладне во 9.40 часот.
Телото на починатиот е предадено за обдукција, којашто покажала дека на неговото тело немало траги на насилство.
Според првичните и неофицијални информации, гостиварецот најверојатно се предозирал со дрога./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.