Црна хроника
Спречен обид за криумчарење на таблети за потенција и цитостатици
Царинските службеници од граничниот премин Деве Баир спречија обид за криумчарење на таблети за подигнување на потенција и цитостатици.
Во четвртокот, во пладневните часови, за влез во државата се пријавило патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од државјанин на Република Бугарија, кој изјавил дека нема ништо за пријавување за царинска контрола.
Царинските службеници го селектирале возилото за детален преглед, при што во патна торба и во багажниот дел од автомобилот, во торба за алат, биле пронајдени таблетите за потенција и цитостатиците.
Запленети се 76 филм таблети за подигнување на потенција Cialis“ од 20mg, со поминат рок на траење, четири филм таблети, цитостатик со генеричко име Еротон 100mg, четири картонски кутии со по едно стаклено шишенце од 5 mg/ml раствор -цитостатик со генеричко име од Oxaliplatin Actavis од 100 mg , како и четири картонски кутии со по едно стаклено шишенце -цитостатик со генеричко име Oxaliplatin Actavis од 5 mg/ml за раствор од 50 mg .
Непријавената стока е привремено задржана, а против сторителот Царинската управа поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.