Црна хроника
Македонец загина во сообраќајка на Кајманските острови
Македонецот Марјан Младеновски (33) пред шест дена загинал во тешка сообраќајна несреќа на Кајманските острови, јавуваат тамошните медиуми, пренесува Канал 5.
Автомобилот во којшто Младеновски бил совозач, излетал од патот, по што заедно со возачот излетале од автомобилот.
Младеновски загинал на лице место, додека возачот се здобил со тешки повреди, но бил уапсен под сомнение за возење со неприлагодена брзина и за возење под дејство на алкохол.
Младеновски работел во хотелот „Мериот“ на островот Големи Кајмани, кој е дел од британската империја и се наоѓа во Карипското море во близина на Јамајка и Куба.
Младеновски е еден од десетината млади Македонци кои последниве две години загинаа на печалба во далечни земји. /крај/к5/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени мажи во Ресен, кичевско и Богданци: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената
Вчера во 23:40 часот на улицата „Ј.Јосифовски“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода А.Г.(40) од село Јанковец, ресенско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,56 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 12:22 часот во село Другово, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(38) од село Велешта, струшко.
При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
Ноќеска во 00:16 часот на улицата „Маршал Тито“ во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.М.(54) од Богданци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,86 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Видео) Уапсен скопјанец, при преглед кај него и престрес на дом пронајдени околу два килограми марихуана
Вчера од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје по претходно добиени оперативни сознанија на улицата „Христо Татарчев“ извршено е легитимирање и преглед на С.М. од Скопје.
При извршениот преглед пронајдена е марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари, а при преглед на патничкото возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.М. пронајдена е поголелема количина марихуана.
По претходно добиена наредба извршен е и претрес на дом каде што престојувал С.М. при што во помошната подрумска просторија од станот пронајдена е голема количина на марихуана и две дигитални ваги.
С.М. е лишен од слобода известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.

