Црна хроника
Дрвокрадци нападнале шумски полицаец во неговиот дом
Шумски полицаец од Штип бил нападнат во својот дом од група од осум лица, меѓу кои двајца претходно во неколку наврати ги пријавувал заради кражби на дрва, соопшти полицијата.
Четириесет и двегодишниот шумски полицаец Т.Ѓ. од неговиот службен пиштол во дворот испукал еден куршум во воздух за да ги заплаши присутните, кои во рацете држеле железни шипки, дрвени палки и стаклени пивски шишиња и на висок тон викале кон Т.Ѓ.. Во еден момент едно од лицата со дрвена палка замавнало кон него и го удрило по рака. Исто така со палката го удрило и неговиот брат И.Ѓ. во пределот на грбот, а друго лице со стаклено пивско шише го удрило во пределот на главата Ј.Д., колега на Т.Ѓ..
СВР-Штип превзема мерки за расчистување на случајот. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

