Црна хроника
Приведените од „Монструм“ изведени пред истражен судија
Вкупно 20 лица приведени во акцијата „Монструм“, утрово по распитот во полициски станици беа изведени пред истражен судија.
Во вчерашната акција беа направени претреси на 26 локации и беа приведени 20 лица осомничени дека учествувале во убиството кај Смилковското езеро. Против нив се поднесени кривични пријави за „тероризам“.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска вчера соопшти дека уапсените се радикални исламисти и дека нивната цела била да создадат чувство на несигурност и страв кај пошироката популација.
Дел од приведените војувале во Авганистан и во Пакистан на страна на талибаните и радикалните исламисти, против силите на меѓународната коалиција предводена од НАТО.
Меѓу уапсените има лица кои се директно инволвирани во убиството кај Смилковското езеро, меѓутоа има и лица за кои нема податок дека биле на местото на настанот во критичниот момент.
На 12 април беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 20 години и еден 45-годишен жител на Црешево, додека ловеле риба на Смилковското езеро./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Таксист од Скопје побарал мобилен телефон од 26-годишник па му го украл и телефонот и чантата
На 01.02.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, Ф.Ј.(26) од Скопје пријави дека околу 03:00 часот на подрачјето на Центар, едно лице кое управувало такси возило му го побарало мобилниот телефон за да изврши разговор.
Откако момчето му го дало телефонот, таксистот му ја одзел и чантата во која имало документи и други предмети и со возилото го напуштил местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Делчевско: возел без возачка дозвола, одземен е автомобилот
Денеска во 06:45 часот на булеварот „Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода 23-годишниот С.Д. од село Тработивиште, делчевско.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола.
Запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод: тешко повредени деца на возраст од седум и девет години
Вчера во 17:11 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Македонски Брод, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Д.М. од Прилеп, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници на возраст од седум и девет години, а со телесни повреди се здбил сопатникот И.М. од Прилеп, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

