Црна хроника
Ја врзал и ја удирал со јаже цела вечер, па и оставил рачна бомба
Насилник цела вечер малтретирал триесет и осумгодишна скопјанка која престојувала во неговата куќа во скопската населба „Козле“, соопшти МВР.
Пред два дена околу 23 часот на улица „Козле“ во куќата на педесет и едногодишниот скопјанец најпрвин почнала расправија меѓу насилникот и жената која престојувала кај него.
И ги врзал рацете и нозете со селотејп лента и почнал да ја удира со јаже по телото. Малтретирањето траело до 8 часот утрото.
Потоа оставил рачна бомба до неа и заминал од куќата. Скопјанката успеала да се ослободи и го пријавила случајот во полиција вчера во 9 часот.
Полицијата ја однела рачната бомба од куќата, а насилникот е приведен и против него ќе следува соодветна пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена тврди дека поранешниот партнер ја натерал да земе кредити за него, а потоа не ги плаќал ратите и ѝ се заканувал, полицијата во Охрид постапува
Во Охрид, полицијата спровела службен разговор со 40-годишен маж од Гевгелија, по пријава на неговата поранешна 47-годишна партнерка, која тврди дека тој се однесувал агресивно кон неа и ѝ упатувал закани.
Жената во пријавата навела и дека поранешниот партнер ја измамил, убедувајќи ја да земе кредити на нејзино име за него, а потоа одбивал да ги плаќа ратите.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против мажот.
Црна хроника
Млади лица приведени во Аеродром и Центар оти се однесувале агресивно со полицајци
Полицијата во Скопје во неделата (9 ноември) привела две лица кои агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
На подрачјето на општина Аеродром, бил приведен Ф.Ц. (28) од Скопје, а во Центар, полициските службеници го привеле и А.М. (24) од Скопје, поради истата причина.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на двата случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.
Црна хроника
Скопјанка пријавила напад и закана со оружје, нејзиниот партнер тврди дека таа фрлала предмети кон него
Партнери од Скопје меѓусебно се пријавиле за напад и закани.
Прво, во неделата (9 ноември) околу 12:30 часот, 38-годишна жена пријавила во полиција дека нејзиниот 45-годишен партнер претходната ноќ, околу 00:30 часот, во неговиот дом во скопско ја нападнал со тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје.
Неколку часа подоцна, околу 15:50 часот, истиот маж се појавил во полициската станица и поднел пријава против својата партнерка, тврдејќи дека и тој бил нападнат, при што таа фрлала предмети кон него и оштетила дел од покуќнината.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

