Црна хроника
Кривични пријави за 14 учесници во протестите за учество во толпа
Идентификувани се дел од демонстрантите кои предизвикаа инциденти на протестите коишто се случија во петокот, кога беа каменувани зградите на Владата и општината Чаир и беа повредени шест полицајци и двајца претставници на медиумите.
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против 14 учесници во петочните протести за учество во толпа која што ќе изврши кривично дело.
Сите 14 лица се од Скопје на возраст од 18 до 39 години, а пријавите се поднесени по претходно направена консултација со обвинителството.
На протестите полицијата интервенирала согласно проценките и ризикот во дадената ситуација.
„Доколку се процени дека евентуалната интервенција на полицијата може да предизвика дополнителен проблем, тогаш полицијата ја одложува интервенцијата за подоцна“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.
МВР работи на идентификација на останатите демонстранти кои во петокот предизвикале инциденти, но идентификацијата на малолетниците ќе одземе повеќе време, со оглед на тоа што МВР не поседува евиденција и фотографии од нив.
Секој јавен собир треба да биде најавен во полиција најдоцна 48 часа пред неговото одржување, но законот не предвидува санкции доколку протестот не биде најавен.
Илјадници Албанци протестираа по петочната молитва против полициската акција „Монструм“. Протестите не беа најавени во МВР, туку се организираа на социјалните мрежи./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.