Црна хроника
Судење за еден од уапсените во „Монструм“
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да започне судењето против Ибраим Сејадини, еден од уапсените во полициската акција „Монструм“.
Судењето за Сејадини кој е обвинет за недозволено изработување, држење и трговија со оружје, требаше да почне на почетокот од месецов, но беше одложено бидејќи обвинетиот од технички причини не можел да биде донесен во судот.
За истото дело е се товари и уште еден од уапсените во акцијата „Монструм, Назив Мемети, но обвинението против него е беше правосилно.
Во акцијата „Монструм“ беа уапсени вкупно 20 лица за кои постоеше сомнение дека се вмешани во петкратното убиство кое се случи на 12 април на Смилковското езеро, кога беа убиени четири млади момчиња и еден средновечен маж.
Десетмина од уапсените беа ослободени откако судот утврдил дека немаат врска со петкратното убиство. Тројца од уапсените се товарат дека се директни извршители на масакрот кај Смилковското езеро. Двајца од извршителите се во бегство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.