Црна хроника
Загинатите во сообраќајката во Грција биле од Струга
Во тешка сообраќајка што се случи во неделата попладне загинаа четворица македонски државјани, а шестмина се повредени, потврдуваат од македонското министерство за надворешни работи.
Според информациите на МНР, загинале повозрасна жена нејзиниот син, ќерка и двегодишната внука од ќерка, додека зетот, кој го возел комбето минал со повреди.
Несреќата се случила околу 18 часот по македонско време, а автопатот Кавала- Солун кај месноста Орфино, во близина на туристичкото место Асправалта.
Повредени се наоѓаат надвор од животна опасност, а според првичните информации сообраќајката се случила бидејќи возачот на комбето заспал, но засега овие информации никој не ги потврдува.
Идентитетот на загинатите и повредени се уште не е соопштен.
Како пишува агенцијата ИНА, загинатите и повредените биле од Струга и се враќале од свадба кај нивни роднини од Турција.
Македонскиот конзулат во Грција е известен за несреќата, а од МНР велат дека е испратен адвокат за возачот на комбето и дека на сите им е пружена медицинска помош./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.