Црна хроника
Вработени на наплатна рампа искршиле автомобил на Србин
Вработени на наплатна рампа во близина на границата со Србија кај Куманово, искршиле автомобил на Србин затоа што не сакал да земе фискална со стар датум.
Во саботата утрото околу 4.50 часот, на автопатот Скопје-ГП„Табановце“, на наплатна рампа „Романовце“, вработените И.Л. (28) и И.А. (38) од Куманово, извршиле насилство над државјанинот на Р.Србија, М.М. (27).
Тие со метални прачки го искршиле задното ветробранско стакло и го извиткале задниот дел од покривот од неговото возило „Фиат Пунто“ .
Насилството го извршиле затоа што М.М. реагирал заради издавање на фискална сметка со стар датум при наплата на патарината.
Од страна на СВР Куманово по целосно расчистување и документирање на случајот против И.Л. и И.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.