Црна хроника
Седум повредени во сообраќајка кај Охрид, четворица префрлени во Скопје
Седум лица се повредени, од кои четири потешко, во тешка сообраќајна несреќа, што се случи доцна попладнево на влезот во Охрид, изјави за Макфакс портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој информираше дека повредените веднаш биле префрлени во охридската болница, но заради тежината на повредите, четворица од нив итно се префрлени на Ургентниот центар во СкопјеНесреќата се случила во 16.30 минути на самиот влез во Охрид, кај таканаречената петља, информира Димоски.Според првичните информации, во незгодата учествувале три патнички моторни возила фиат “сеиченто“, со прилепски регистерски таблички во кое имало три лица, форд „фокус“ со охридски регистерски таблички , во кое имало едно лице и уште еден форд, истотака со охридски регистерски таблички, во кое имало три лица.„До незгодата е дојдена кога „фокусот“, кој се движел од Охрид кон Струга излегувајќи од кракот на петљата, со цел да се вклучи во магистралниот пат, ја изгубил контрола и се префрли на спротивната сообраќајната лента на која се движело “сеичентото“. „Фокусот удрил во тоа возило, по што се извртел и притоа повторно удрил во вториот форд, кој што бил веднаш зад сеичентото, на лентата која води кон Охрид. Направен е увид на место на настанот. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.