Црна хроника
Лајме: Полицијата претресувала куќи во Липково по грешка
Над 50 полицајци во вторник во 5 часот наутро извршиле претрес во четири куќи во кумановското село Липково по грешка , пишува весникот на албански јазик Лајме.
Како што пишува весникот, полицијата не нашла ништо во куќите и најверојатно полицајците ги претресувале околу 45 минути по грешка.
Меѓу куќите кои биле претресени била и куќата на директорот на гимназијата „Исмет Јашари“ во Липково, Авди Алиу.
Според неговата изјава, за време на претресите не биле направена никаква штета во куќите, но жените, децата и старците биле преплашени. Еден од неговите синови дури бил и држен врзан без причина и потоа му кажале дека било грешка и дека акцијата требало да се спроведе во домовите на нивни соседи.
Алиу вели дека од полицијата ќе бара надомест за траумата што ја претрпеле.
Портпаролот на МВР, Иво Котевски за весникот Лајме вели дека полицијата не нашла никакви докази за кривично дело.
„Акција е спроведена со цел да се проверат некои оперативни информации поврзани со евентуални кривични дела, но важно е дека ништо не е најдено“, вели Котевски за Лајме./крај/лајме/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.