Црна хроника
Заостанат гранати демнат
Многуте војни водени на територијата на Македонија и денес претставуваат закана, само последните два дена пронајдени се осум гранати за разна намена кои иако од постар датум кон нив треба да се пристапи со голема претпазливост, предупредуваат од МВР.
Така, во петокот попладне во битолското село Кременица, при орање на парцелите сопственост на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ биле пронајдени пет артилериски гранати со калибар од 75 и 155 милиметри, кои потекнуваат од Прва светска војна. Пиротехничар до Дирекцијата за заштита и спасување ги подигнал гранатите за натамошна постапка со нив.
Во саботата претпладне, пак, исто така во битолско, овојпат кај селото Брусник, и тоа во дворот од семејната куќа, при изведување на земјоделски работи, домаќинката пронашла топовска граната од 75мм и уште една топовска граната од 60 мм, кои исто така потекнуваат од Прва светска војна. И овие гранати се подигнати од лица од ДЗС.
Во саботата, во скопското село Мирковци, во двор од семејна куќа, при изведување градежни работи, пронајдена е една противавионска граната од постаро, но се уште неутврдено производство. Гранатата во текот на неделата ќе биде подигната од страна на пиротехничар од ДЗС во Скопје.
Последниве години има повеќе интервенции на пиротехничарите на ДЗС на територијата на целата држава, меѓутоа најчесто во битолско-гевгелиско-струмичкиот регион, поточно на просторот каде што се одвивале најжестоките битки на Солунскиот фронт во Првта светска војна, но и од Балканските војни.
Освен, во посочените области, неодамна акција на деминерите од Дирекцијата за заштита и спасување беше спроведена акција за чистење од заостанати гранати и во охридскиот регион, како и во водите на Охридското Езеро./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.