Црна хроника
Им ветил стан и диплома, наплатил над 13.000 евра
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишниот Г.С. од скопското село Мралино, кој лажно ветувајќи им стан и диплома на брачен пар од Куманово им земал над 13.000 евра.
Според информациите од полицијата, Г.С. во 2009 година се запознал со М.А. од Куманово и откако дознал дека таа заедно со сопругот А.А. сакаат да купат стан во Скопје, им ветил помош за купување стан наменет за млади брачни парови по поволна цена. За таа цел, му биле исплатени 10.000 евра. Дополнително, со ветување дека на сопругот ќе му обезбеди диплома за завршен факултет за детективи на ФОН Универзитет Скопје, Г.С. наплатил уште 3.000 евра.
Откако брачниот пар увиделе дека пријавениот не им ги обезбедил ветените работи, случајот го пријавиле во полиција. Брачниот пар е оштетен за вкупно 799.500 денари. /крај/ач/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

