Црна хроника
Уапсен осомничениот за убиството во Тетово
Тетовската полиција во неделата вечерта го уапси осомничениот за убиството што се случи во локалот Али Баба во Тетово, соопшти СВР Тетово.
Дваесет и двегодишниот М.Љ. бил уапсен во близина на мостот на реката Вардар кај тетовското село Сиричино. Осомничениот за убиство е приведен во полициската станица Тетово и до 15 часот се очекува, со кривична пријава за убиство да биде изведен пред истражен судија.
Осомничениот досега немал извршено кривично дело и не минува во крим евиденцијата на МВР.
Тој е осомничен дека на 1 ноември со нож го убил 38-годишниот Рамадан Адеми, а ги ранил 31-годишниот Нусрет Шабани и 30-годишниот Башким Цека од Тетово, кои обезбедувале приватната забава во локалот Али Баба.
Обезбедувачите биле нападнати од три лица на кои не им било дозволено да влезат во локалот. Дваесет и двегодишникот извадил нож и ги прободел обезбедувачите.
Полицијата ги идентификувала и разговарала и со останатите двајца напаѓачи и против нив ќе следува соодветна пријава./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

