Црна хроника
Косовар со фалсификуван бугарски пасош сакал да замине од Македонија
Полицијата поднесе кривична пријава против 20 годишниот косовски државјанин З.М. откако се обидел со фалсификувани бугарски документи од Македонија да замине кон Грција.
Пријавениот во вторникот, на граничниот премин „Богородица“ на полициските службеници им дал на увид бугарска патна исправа, лична карта и возачка дозвола.
По извршените проверки е утврдено дека се фалсификат, односно дека на оригиналните обрасци е извршено бришење на податоците и на фотографијата и се внесени нови податоци и фотографија.
Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач во Ресен, управувал возило со 2,79 промили алкохол во крвта
Вчера на ул. „Корчуланска” во Ресен, полициски службеници го лишија од слобода Б.Л.(45) од с. Царев Двор, ресенско.
При контрола во сообраќајот, од страна на полициските службеници било констатирано дека Б.Л. управувал возило „пежо“ под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,79 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Уапсени две лица во Пласница поради кражба на огревно дрво, следуваат соодветни пријави
Вчера во атар на село Преглово, општина Пласница, полициски службеници ги лишија од слобода А.М.(27) и М.М.(64) за кражба на дрво.
Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од А.М., а сопатник бил М.М.(64), кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири.
Дрвната маса е предадена на шумска полиција за понатамошно постапување, а против А.М. и М.М. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

