Црна хроника
Вежба „Бран 2012“: Грабнување на авион на аеродром во Охрид
Започна оперативно – тактичката вежба „Бран 2012“ во Охрид со која се симулира грабнување на авион на аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид.
Целта на вежбата е за провери и подобри координацијата и меѓусебната комуникација на сите надлежни структури, како и доусовршување на справувањето со кризи предизвикани од тероризам на цивилната авијација.
Првата фаза од вежбата, која ќе трае три дена, е добивање на сознание за грабнатиот авион.
Главната фаза ќе биде изведена во петок, а е поделена на два дела. Во првиот дел во моментот по непосредно добивање сознание за грабнат авион, фокусот на активности ќе биде насочен кон организационо постапување наспроти “инцидентот“, односно организирање на потребните сили проследено со соодветна координација на нивните активности.
Во самото сценарио на вежбата опфатени се сите важни аспекти за вакви ситуации (ранети, заложници, медиумско покривање на “настанот“, и слично) а прецизирана е и временската динамика по фазите на симулацијата.
Во петок, дел од вежбата ќе биде отворен за јавноста, а ќе биде проследена и од полициски аташеа од дипломатските претставништва во земјава, претставници на мисијата на ОБСЕ, претставници на научни институции од областа на безбедноста и други гости. /крај/мвр/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

