Црна хроника
Мртво момче најдено кај Стара железничка
Во урнатини на паркинг простор во близина на Старата железничката станица во Скопје, најдено е тело на мртво момче, соопшти МВР.
Во петокот околу 8 часот во Скопје на ул.„М.Х.Јасмин“бб, на паркинг простор пред урнатини од стара железничка станица, А.И.(1970) од Скопје, во колиба подигната на урнатини од стара железничка станица, во безживотна состојба бил пронајден А.Ф.(1995) од Скопје, кој ноќта спиел во колибата.
По кажување на А.И., сега починатиот бил нарко зависник.
Лекар од екипа од Брза помош била константирана смрт без видливи траги на насилство.
Увид на лице место извршила увидна екипа при СВР-Скопје.
По наредба на Истражен судија, телото на починатиот е пренесено во Институт за судска медицина за обдукција./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра
На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила.
Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето било извршено во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра.
Извршен е увид, а за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопштуваат од полицијата.
Фото: илустрација (Pexels)
Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје
Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на 27 декември околу 11 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје.
Според информациите од СВР Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишна скопјанка, удрило во 31-годишен пешак, исто така од Скопје.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.
На местото на настанот бил извршен увид од полициска екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Млад возач излетал од патoт и удрил во ѕид од гаража, тешко е повреден
Сообраќајна несреќа се случила ноќеска по полноќ на регионалниот пат меѓу селата Липково и Отља, во кумановскиот регион.
Како што соопшти полицијата, на 28 декември околу 01:00 часот, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен маж од селото Отља, излетало од коловозот и удрило во ѕид од гаража.
Во несреќата, младиот возач се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.
На местото на настанот бил извршен увид.

