Црна хроника
„БМВ“ автомобил намерно запален во Скопје
Ноќта меѓу четвртокот и петокот од 20 до 00.30 часот во Скопје на пешачки остров на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ и ул.„Никола Тесла“ бил опожарен паркиран автомобил „БМВ З-4“ со скопски регистерски ознаки.
Возилото сопственост на З.Б.(1955) од Скопје, а управувано од неговиот син Б.Б.(1990) од Скопје, било опожарено до непознат сторител, соопшти полицијата.
Имено, сторителот откако дошол до возилото и најверојатно на предната и задната десна страна истурил лесно запалива течност или друго запаливо средство го запалил и предизвикал пожар, по што го напуштил местото на настанот.
Пожарот го опфатил и опожарил возилото на преден браник, заден браник, преден десен трепкач, заден десен трепкач, преден десен фар, предна хауба, предна маска, предно десно крило, десна предна и задна гума и алуминиумски бандажи, задно десно крило, задно ветробранско стакло, десна страна од кровот, заден капак од багажен дел и друго.
Пожарот е изгаснат од противпожарна екипа од Скопје.
Висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.
Од место на настанот подигнати се парчиња од опожарен материјал од возилото под предното и задното десно тркало.
Извршен е увид на лице место./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра
На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила.
Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето било извршено во периодот од 23:00 часот на 27 декември до 09:00 часот на 28 декември 2025 година, при што е причинета вкупна материјална штета од околу 11.000 евра.
Извршен е увид, а за случајот е известен јавен обвинител, а се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопштуваат од полицијата.
Фото: илустрација (Pexels)
Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје
Пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на 27 декември околу 11 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје.
Според информациите од СВР Скопје, патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишна скопјанка, удрило во 31-годишен пешак, исто така од Скопје.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.
На местото на настанот бил извршен увид од полициска екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Млад возач излетал од патoт и удрил во ѕид од гаража, тешко е повреден
Сообраќајна несреќа се случила ноќеска по полноќ на регионалниот пат меѓу селата Липково и Отља, во кумановскиот регион.
Како што соопшти полицијата, на 28 декември околу 01:00 часот, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен маж од селото Отља, излетало од коловозот и удрило во ѕид од гаража.
Во несреќата, младиот возач се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово, каде што повредите му биле констатирани од лекарска екипа.
На местото на настанот бил извршен увид.

