Црна хроника
Прегазил старец и избегал
Непознат возач, во саботата, прегазил пешак, на пешачкиот во Скопје, кај „Алкалоид“, па избегал, соопшти полицијата.
Имено, на 10.11.2012 година во 21.10 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“, на пешачкиот премин кај “Алкалоид“, се случила сообраќајна незгода во која автомобил од непозната марка и регистарски броеви управувано од засега непознат возач удрило во повозрасен маж.
Мажот починал на лице место, а се уште не е утврден неговиот идентитет.
Возилото, по направеното кривично дело избегало од местото на случката.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се трага по возачот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

