Црна хроника
Сакал да прошверцува 24.500 сијалици во Косово
Скопјанецот К.Н. (40) заработи кривична пријава за криумчарење и 30-дневен притвор откако во вторникот бил затекнат во обидот од Македонија кон Косово да прошверцува 245 пакети со вкупно 24.500 сијалици, со вредност околу 7.000 евра.
По претходно добиени сознанија, полицијата околу 18:00 часот во атарот на селото Танушевци се обидела да го запре скопјанецот, кој стоката ја пренесувал со товарно возило „Мерцедес“.
На дадениот знак, наместо да запре, скопјанецот ја зголемил брзината и удрил во паркираното полициско возило „Поло“. Подоцна „Мерцедесот“ го оставил до ископот на рудникот Бањани и побегнал, но набргу е откриен и приведен од страна на припадници на единицата “Алфа“.
При извршениот претрес во товарното возило пронајдена е стоката, за која приведениот не поседувал документација. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.