Црна хроника
Нападнат полицаец и оштетен автомобил по фудбалски натпревар во Тетово

Едно оштетено возило и нападнат полицаец е епилогот од дивеењето на група навивачи од навивачката група „Балисти“, по одржувањето на неделниот натпревар меѓу фудбалските екипи Шкендија и Брегалница во Тетово.
По завршувањето на натпреварот, групата од 40-50 навивачи се упатила кон службениот влез на стадионот каде изразиле револт кон управата на ФК Шкендија, при што М.М.(22) од с.Палчиште и Ш.М(23) од Тетово оштетиле паркирано патничко возило, а по интервенцијата на полициски службеници, М.М. со тврд предмет нападнал еден од нив.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.
Инаку, натпреварот со 3:0 го доби Брегалница. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Полицијата го приведе М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во селото Ракитница, Демирхисарско .
Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претхоно денес беше приведен и М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско, по претрес во којшто беа најдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Црна хроника
Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско: уапсено едно лице

Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.