Црна хроника
Запален автомобил во Прилеп
Запален автомобил марка „рено кујо“ во понеделникот вечерта во Прилеп.
Според информациите од полицијата, автомобилот кој бил во сопственост на прилепчанката Б.Т. бил запален во периодот од 20.30 до 21.30 часот на улица „Браќа Ламески“, каде што живеела прилепчанката.
Автомобилот најверојатно бил опожарен со запалива течност. Полицијата работи на расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во продажен објект во липковско пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, уапсен сопственикот на објектот
Вчера во 13:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 41-годишниот Б.У. од село Оризаре, липковско.
При преглед во неговиот продажен објект биле пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Топ
Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава
На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен премин „Долно Блаце“, 60-годишниот Ќ.С. од Република Косово, управувајќи патничко возило „голф“ со косовски национални ознаки, удрил во пешакот С.К.(25) од Скопје.
С.К. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, возачот Ќ.С. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Гази Баба за понатамошна постапка. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Нападнат вработен на наплатна рампа „Петровец“: напаѓачот ја скршил рампата и побегнал
Утрово во 01:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека на наплатна рампа „Петровец“ во Скопје, вработениот Н.А.(45) бил физички нападнат од едно лице, кое употребило стаклен предмет и му нанелo повреди, по што со возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки ја скршило рампата и заминало.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

