Црна хроника
Млада стружанка киднапирана, па вратена дома
Стружанецот С.А. (1973) во вторникот околу 21:40 часот пријавил дека истиот ден неговата ќерка А.А. била киднапирана, па вратена во нивниот дом.
Во моментот кога одела по скалите за горниот кат, била фатена од позади за косата и устата од страна на непознато лице и насилно била изнесена надвор од куќата, ставена во возило „Мерцедес Караван“, во кое имало уште 2 непознати лица кои зборувале на турски јазик.
Со возилото во непознат правец А.А. била возена околу 30 минути, при што од страна на лицето кое седело позади до нејзе на неколку пати со подесен остар предмет и биле нанесени гребнатини на телото преку облеката. Додека се враќале назад кон нејзиниот дом и биле упатени закани на албански јазик дека сега им бил редот на татко и’ и брат и’.
Кога се приближиле до нејзиниот дом, таа била оставена на улицата пред куќата.
Истата се изјаснила дека лицата не и се познати, и од кои причини се случило тоа.
ПС-Струга превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

