Црна хроника
ССНМ: Полицијата да ги најде напаѓачите на новинарските екипи
Самостојниот синдикат на новинари на Македонија апелира до полицијата да ги најде напаѓачите на новинарските екипи и да ги казни, откако новинарска екипа на Телевизија 24 беше нападната и не и било дозволено снимање на Бит Пазар.
„Неказнувањето на напаѓачите на новинарските екипи има огромно, негативно влијание на слободата на медиумите и слободата на говорот. Затоа ССНМ апелира до полицијата да стори сè и да ги пронајде и санкционира извршителите“ се вели во соопштението на Синдикатот
Овој инцидент е само последен во низата напади врз новинарски екипи. Според ССНМ, овие напади го рефлектираат вкупниот амбиент во којшто работат новинарите, како и статусот на оваа професија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

