Црна хроника
Професор и обезбедувач меѓу напаѓачите во хемиското училиште „Марија Кири – Склодовска“
Професор по хемија во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ и триесет и двегодишен обезбедувач од скопското село Студеничани биле меѓу напаѓачите во инцидентот што се случи во вторникот во ова средно училиште.
Неофицијално, причина за тепачката била носењето на албански знамиња во училиштето. Од МВР официјално не ја откриваат причината и велат дека инцидентот настанал без посебен повод и причина.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и денеска повтори дека МВР не е надлежно за спроведување на Законот за знамињата.
„Можам да ви кажам кои се надлежностите на министерството за внатрешни работи. По однос на надлежностите на другите институции не би можела и не би сакала да зборувам“ изјави Јанкулоска.
Таа изјави дека инцидентот што се случи во хемиското училиште е целосно расчистен и документиран.
„Во текот на денешниот ден ќе бидат поднесени пријави за шест лица, против четворица малолетници, а и против еден професор“ изјави Јанкулоска.
Инцидентот се случи во вторник околу 14.40 часот во дворот на хемиското училиште. Шест лица, меѓу кои четворица малолетници и 32-годишниот обезбедувач и 25 годишниот професор, нападнале двајца шеснаесетгодишни ученици со тупаници и клоци и боксирачи.
Учениците побарале лекарска помош при што им биле констатирани повреди во пределот на главата и телото. Сега се наоѓаат на домашно лекување./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.