Црна хроника
На 20-ти декември стартува судењето за петкратното убиство кај Смилковци

Обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро ќе седнат на обвинителна клупа на 20 декември, потврдуваат за Макфакс од Кривичниот суд.
Обвинителството ги товари за тероризам Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се во бегство, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Рами Сејди, додека шестообвинетиот Хаки Азири, кој првично беше заштитен сведок, се товари за помагање.
Директни извршители на петкратното убиство се Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим.
Убиството, според обвинението имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја нарушат безбедноста во земјава со предизвикување страв кај граѓаните. Смилковското езеро било под концесија на еден од обвинетите, Фејзи Азири, кому по убиството му е одземена концесијата.
Според исказот на Азири, кој сам се откажа од статусот заштитен сведок, на 12-ти април на обиколницата кај Качанички пат ги пречекал Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои дошле со автомобил „опел омега“. Му кажале дека убиле човек и му рекле да вози до неговиот дом.
Обвинителството се повикува на материјални докази, транскрипти од телефонски разговори, како и сведочење на заштитен сведок. Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи тврди дека Обвинителството нема доволно докази.
На 20-ти декември во 10 часот се очекува да се дознае што точно се случило на 12-ти април кога беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
Полициската акција Монструм беше проследена со протести низ скопските улици и судот.
На 11-ти декември во 9:30 часот ќе му се суди на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за помагање во убиството на Марјан Тушевски и Кире Јаневски кое се случи во 2001 година.
Бошкоски кој беше министер во 2001 година, кога се случи убиството, неговиот шеф на обезбедувањето Зоран Трајковски, Сашо Јовановски викан Тупан, вработен во секторот за набљудување и следење при МВР и други полициски функционери се осомничени дека знаеле за убиството и го помагале.
Меѓу оние кои се во бегство има тројца Срби кои се сомничат дека се директни извршители на убиството.
Марјан Тушевски и Кире Јанев беа убиени на 10-ти јули 2001 година. кога излегувале од кафулето „ЗУ“ во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми беше убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.