Црна хроника
Приведен еден од осомничените за пукањето кон сведокот на „Детонатор“
Приведен е еден од двајцата осомничени за пукањето кон Драганчо Стоименов, сведокот во случајот „Детонатор“, соопштуваат од МВР.
Од полицијата не соопштуваат детали, единствено информираат дека е приведен дваесет и деветгодишен скопјанец и дека се работи со него.
Токму Стоименов во полициска станица посочил дека двајцата скопјани на возраст од 29 и 32 години пукале кон него.
Засега од полицијата не ги поврзуваат напаѓачите со обвинетите од „Детонатор“. И двајцата и се претходно познати на полицијата, биле пријавувани во тепачки насилства. Напаѓачите засега се во бегство, но полицијата најавува пријави доколку се докаже дека токму тие го нападнале Стоименов.
Во неделата вечерта две лица пукаа кон Стоименов на паркингот пред зградата каде што живее во скопски Аеродром. Ова е четврт обид за убиство на Стоименов, откако два пати во близина на неговиот автомобил беше поставена експлозивна направа, а третиот пат еден од обвинетите во Детонатор му вперил пушка
Во судскиот процес „Детонатор“ им се суди на вкупно 16 лица од Виница, Кочани и Штип, двајца од обвинетите се во бегство.
Обвинителството ги гони за обид за убиство, злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, лихварство, насилство и измама.
Оштетениот Драганчо Стоименов, пред судот тврдеше дека имал сознанија дека бил прв на црната листа за ликвидација, што ја имале обвинетите./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

