Црна хроника
Екстрадиран еден од главните идеолози на радикалниот ислам
Еден од најголемите приврзаници и идеолози на радикалниот ислам во Македонија и во поширокиот регион, Шукри Алија, во средата е екстрадиран од Косово во Македонија, соопшти во средатa попладне македонската полиција.
Македонското министерство за внатрешни работи не исклучува негово евентуално влијание врз уапсените и другите лица инволвирани во петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Според МВР тој се јавува како иницијатор на протестите и безредијата организирани по полициската акција „Монструм“ кога беа уапсени обвинетите за убиството на петте лица во близина на главниот град Скопје. Според некои сознанија Алија дури им се заканувал на полицајците од албанска националност вработени во МВР
Истрагата за случајoт „Монструм“ во кој беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж на 12-ти април годинава, заврши на крајот од октомври. Алил Демири , Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим се товарат дека се директни извршители на петкратното убиство, а Фејзи Азири и Рами Сејди се осомничени за помагање. Тројца од осомничените се во притвор, додека Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, се во бегство.
„Досега лицето не фигурира во кривичната пријава, којашто беше подонесена од страна на МВР против осомничените сторители и помагачи во врска со грозоморното убиство на Смилковското езеро Но сепак, ќе се проверува неговата евентуална инволвираност и неговата евентуална улога, бидејќи не е исклучено дека имал некакво влијание врз строителите, имајќи го предвид фактот дека според оперативните сознанија фигурира како еден од главните идеолози и ментори на следбениците на радикалниот ислам во Република Македонија“, изјави за медиумите Иво Котевски, портпарол на македонското министерство за внатрешни работи.
Алија кој е инволвиран и во други кривични дела, во средата попладне е пренесен во истражниот затвор во Шуто Оризари за издржување на тригодишна затворска казна за насилство и малтретирање на имамите од Исламската верска заедница во Република Македонија, кога според МВР сакал да направи преврат во муслиманската заедница од земјава.
Алија се смета за десната рака на Рамадан Шукри кој загина во полициска акција „Бура“ кај тетовското село Бродец со кого заедно кај Дебар биле фатени со огромно количество експлозив.
Постојат сомневања, исто така, дека тој учествувал во убиството на таксистот во скопското село Визбегово./крај/фф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

